Полицијата денеска попладне добила пријава дека во реката Вардар под мостот на улицата „Војвода Васил Чакаларов“ им жена. По пристигнуваето, полицајците увиделе дека жената дава знци на живот по што ја извлекле и била пренесена во болница.
– Денеска (16.08.2025) околу 14 часот во СВР Скопје е пријавено дека во реката Вардар во Скопје, под мостот на ул. “Војвода Васил Чакаларов” има женско лице. Од страна на полициски службеници од ПС Карпош веднаш е постапено по пријавата и по пристигнување на местото на настанот, било утврдено дека лицето дава знаци на живот и од страна на полициските службеници жената е извадена од реката, по што со Итна медицинска помош е пренесена во Ургентен центар при комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје за укажување на помош, се вели во известувањето од МВР