Делегација на Хамас патува во Каиро во обид да продолжат преговорите за Газа

Од:

Делегација на палестинската милитантна група Хамас денес патува во Каиро како дел од напорите за продолжување на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа, објави катарскиот весник „Ал-Араби Ал-Џадид“.

Весникот објави дека делегација на Хамас, предводена од лидерот на групата во Појасот Газа, Калил ал-Хаја, ќе пристигне во Каиро како дел од напорите за обновување на преговарачкиот канал меѓу Хамас и Египет за постигнување договор за прекин на огнот во Газа.

Се вели дека Турција, исто така, помогнала во обновувањето на контактот меѓу Египет и Хамас.

Не е потврдено од други извори дека делегацијата на Хамас ќе патува во Каиро, објави „Тајмс оф Израел“.

Тврдењата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се очаен обид да го оправда Израел откако уби повеќе од 61.400 Палестинци во Газа, вклучувајќи 18.000 деца, соопшти синоќа палестинската милитантна група Хамас како одговор на забелешките на израелскиот премиер на прес-конференција.

Израелскиот премиер се обидува да ги „оправда воените злосторства“ и да ги искриви фактите, соопшти Хамас, додавајќи дека неговата употреба на терминот „ослободување“ е обид да се искриви реалноста на окупацијата „која нема да го прикрие злосторството на истребување, убивање и систематско уништување повеќе од 22 месеци“, пренесува Ал Џезира.