На министерскиот самит на Обединетите нации во Њујорк следната недела, арапските земји за прв пат ќе го осудат Хамас и ќе повикаат на негово разоружување, со цел да се охрабрат повеќе европски земји да ја признаат палестинската државност, изјави денес францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро.
Во интервју за францускиот неделник „Журнал ду Диманш“ (JDD), Баро рече дека потегот е дел од долго планираната заедничка иницијатива на Франција и Саудиска Арабија.
„За прв пат, арапските земји ќе го осудат Хамас и ќе повикаат на негово разоружување, што треба да резултира со конечна изолација на милитантната група. Европските земји, пак, ќе ја потврдат својата намера да ја признаат Државата Палестина. Половина од европските земји веќе го сторија тоа, додека останатите ја разгледуваат одлуката“, изјави Баро.