Претседателот на Српската напредна партија, Милош Вучевиќ, денес оцени дека протестот пред неговата семејна куќа во Нови Сад го подготвија политичари и дека тој претставува последен чин на лудило.
„Веројатно најмногу би сакале да се иселам од Нови Сад. Ова е само кулминација. Нападот врз моето семејство го подготви политичарка, Мариника Тепиќ, претставувајќи се како Елиот Нес, иако е целосно дискредитирана. Таа излажа толку многу пати што е тешко некој да ѝ верува. Потоа го имате Бојан Пајтиќ, кој вели дека луѓето се лути што ќе мора да одат по куќите за да се пресметаат“, рече Вучевиќ.
Според него, повикот за напад врз неговото семејство дошол од адвокатот Срѓан Ковачевиќ, кој го признал тоа во полицијата, а тој, како што вели, цело време бил со Драган Ѓилас.