Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари средба со Амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија Михалис Рокас. Средбата била фокусирана на значењето на неодамна усвоените четири клучни реформски закони – Законот за административни службеници, Законот за вработени во јавниот сектор, Законот за стручно усовршување и обука на јавните службеници и Законот за инспекциски надзор, како основа за изградба на праведна, професионална и департизирана јавна администрација, информираат од Министерството.
– Дополнително беа истакнати следните чекори во насока на нивна доследна и ефикасна имплементација, преку транспарентен процес и со силен политички и институционален ангажман. Министерот Минчев го информираше амбасадорот Рокас и за подготовката на новиот пакет на реформски закони, кој ќе го надгради и заокружи процесот на стратешка трансформација на јавната администрација. Станува збор за:
• Предлог-законот за систем на плати,
• Предлог-законот за високо раководна служба,
• Законот за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ)
Од страна на Амбасадорот Рокас, беше поздравено донесувањето на усвоените закони како позитивен и охрабрувачки сигнал за посветеноста на државата кон европските стандарди во јавната администрација. Воедно, беше изразена поддршката и за новиот реформски циклус, со јасна заложба за доследна и транспарентна имплементација, во духот на принципите на добро управување, се вели во соопштениети од Министерството за јавна администрација,