МВР информира дека вчера попладне во 15.45 часот, на магистралниот пат Кичево – Гостивар, кај месноста „Горица“, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Кичево, го лишија од слобода албанскиот државјанин С.М.(51), кој на полициските службеници им понудил пари како поткуп со цел, да не преземаат службени мерки против него.
ОВР Кичево до ОЈО Кичево поднесена кривична пријава, по што С.М. ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.