Претседателот на Иран објави прекин на огнот по 12 дена

Од:

Во денешната порака до нацијата, претседателот на ИРАН, Масуд Пезешкијан, објави „крај на 12-дневната војна наметната од Израел“ и рече дека не сака да добие нуклеарно оружје, туку да ги реши сите несогласувања на преговарачка маса, објави новинската агенција Ирна.

„Денес, по херојскиот отпор на нашата голема нација, која со решителност пишува историја, сме сведоци на стапувањето во сила на примирјето и крајот на таа 12-дневна војна што беше наметната од авантуризмот и провокацијата на Израел“, напиша Пезешкијан.

Тој повтори дека неговата земја не се обидува да се здобие со нуклеарно оружје, но дека ќе продолжи да го брани своето „легитимно право“ да развива цивилна нуклеарна програма откако ќе стапи во сила примирјето со Израел.

Во телефонски разговор со претседателот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Мохамед Бен Зајед, Пезешкијан рече дека „имајќи ги предвид нивните односи со САД, очекува ОАЕ да им објаснат дека Иран сака само да ги оствари своите легитимни права“.

Иран, повтори Пезешкијан, „никогаш не се обидел да добие нуклеарно оружје и не се обидува“.

„Иран е подготвен да ги реши сите несогласувања на преговарачка маса“, истакна тој.

На 13 јуни, Израел го нападна Иран, обвинувајќи го теократскиот исламистички режим дека се обидува да добие атомско оружје, уништувајќи стотици воени и нуклеарни објекти.

Исламската Република одговори со лансирање стотици ракети и беспилотни летала кон Израел.

Во неделата, САД извршија невидени напади врз три ирански нуклеарни објекти. Двете страни остануваат жестоко поделени околу прашањето за збогатување на ураниум. Иран тврди дека ова е право за кое не може да се преговара, додека за Вашингтон тоа е „црвена линија“. Иран вчера испука ракети врз американската база во Катар.

Аналитичарите оценија дека иранските напади врз американската воена база во Катар биле внимателно пресметани со цел да се овозможи излез од непријателствата со Вашингтон и да се доведе до примирје со Израел.

Би можело да ве интересира

Млад израелски војник е убиен во ирански напад

А1он

Итен состанок со Путин; иранскиот министер за надворешни работи оди во Москва

Израел уби командант на Кудс силите во Иран

А1он

Иран и Израел почнаа нови напади – 52 американски авиони полетаа кон Блискиот Исток

А1он

(ВИДЕО) Репортер на CNN влезе во зградата на иранската телевизија која ја погодија израелски ракети: „Сè е уништено“

А1он

(ВИДЕО) Иран лансираше балистичка ракета со повеќе боеви глави кон Израел

А1он