(ВИДЕО) Петрушевски: Аки Акиов, тепачот од Кочани е човек на Заев и Филипче

Од:

„Тоа што Филипче не побара оставка од Акиов е доказ дека тепањето во Кочани е негово сценарио. Вчера кажавме дека Венко Филипче го скроил планот за дестабилизација во Кочани заедно со Заев во Дубаи. Како дел од тој план е и тепањето во кочанскиот Совет. Аки Акиов, тепачот од Кочани е човек на Заев и Филипче“ рече на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

Според него, „Тепачот на Филипче имаше една единствена цел, да ја разгори омразата во Кочани, која СДС преку партиски прес-конференции и соопштенија со денови ја зовриваат. СДС целно оди кон дестабилизација во Кочани. СДС ја злоупотребува трагедијата и траорот на луѓето, за ситни политички поени“.

„Втората фаза на планот на СДС е да продолжи тензијата во Кочани и да продолжи насилството. Заев и Филипче мислат дека доколку се создаде хаос, тие како опозиција ќе добијат глас повеќе. И Заев и Филипче се лажат. Ниту ќе добијат глас повеќе, ниту некој им верува. Прочитани се“ рече Петрушевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Молкот на СДС отвора сомнежи, хистеријата и стравот од одговорност ги направи заложници на криминалот

(ВИДЕО) Петрушевски: СДС го штити Груби од криминалот, дури повеќе од што ги штитат Заев и Филипче

Петрушевски: Тужбата за клевета нема да го испере Заев, денес никој не е над законот

Зоран Заев поднесе тужби против Жан Митрев и Бране Петрушевски

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Петрушевски: Зошто СДС се во паника и хистерија, имаат ли страв од исказот на Груби?

(ВИДЕО) Петрушевски: Груби ќе се соочи со правдата за сторениот милионски криминал