Убиени уште двајца висoко рангирани ирански генерали

Од:

Двајца високо рангирани генерали на иранските вооружени сили, заменици-началници на Генералштабот, се убиени во израелските напади врз Техеран, објави иранската државна телевизија.

Не се соопштени детали за убиството на генералите, но новинската агенција Тасним објави видео на кое се гледа пожар на меѓународниот аеродром Мехрабад во Техеран, каде што има хангари за воени авиони, а кои биле цели на израелските напади.

Иранските медиуми објавија и дека во нападите на Израел врз Техеран била погодена станбена зграда, при што загинале 60 лица, меѓу кои и 20 деца.

Во меѓувреме, Иран потврди и дека нуклеарниот објект Фордоу претрпел ограничена штета од нападите, но оти нема опасност од радијација.

Би можело да ве интересира

Иран утрово го започна 73от бран воздушни напади

А1он

Убиен е министерот за разузнавање на Иран, потврди претседателот Пезешкијан

А1он

Америка потврди: Соборен е авион, четири члена се мртви

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Погоден аеродромот во Дубаи, евакуација во тек, експлозии во Доха и Тел Авив

Претседателот на Иран објави прекин на огнот по 12 дена

А1он

Млад израелски војник е убиен во ирански напад

А1он