Во Македонија повторно пеколно високи температури.
Температурите ќе бидат над 35-от степен, а од недела температурите ќе се движат над 40-от степен, а и Ув индексот на зрачење ќе биде висок.
Затоа се препорачува, без потреба да не се движите на отворено, посебно во периодот од 11-17 часот.
Препорачливо е да се пијат многу течности и да се јаде лесна храна.
Треба да се избегнува алкохол, и тешка храна.
Хронично болните треба да ја земаат редовната терапија.