Францускиот претседател Емануел Макрон проговори за моментот кога неговата сопруга Брижит го удри во авион по пристигнувањето во Виетнам.
"C’était un moment où le président et son épouse décompressaient une ultime fois avant le début du voyage en chahutant. C’est un moment de complicité" indique l’entourage d’E.Macron suite à de nombreux commentaires sur les réseaux sociaux. Après avoir démenti, dans un premier… pic.twitter.com/diFhy5nFxN
— Léopold Audebert (@LeopoldAudebert) May 26, 2025
– Сопругата и јас само се шегуваме – рече Макрон.
Макрон додаде дека значењето на овој инцидент се преувеличува до степен на „геопланетарна катастрофа“.
Тој додаде дека и други видеа претходно биле погрешно протолкувани, како на пример оние на кои наводно се гледа како дели кеса кокаин или се соочува со турскиот претседател.
„Ништо од тоа не е вистина“, рече тој, и „сите треба да се смират“.
Моментот кога Макрон беше удрен од неговата сопруга беше случајно снимен на камера додека вратите на авионот се отвораа по слетувањето во Ханој, а двојката не знаеше дека е снимана.
Снимката, објавена од Асошиејтед Прес во недела навечер, ја покажува вратата на авионот како се отвора на аеродромот во Ханој. Макрон се појавува на излезот од авионот, но пред да излезе надвор, рацете на неговата сопруга Брижит одеднаш се појавуваат и го допираат неговото лице во потег што може да се протолкува како шлаканица или шегаџиски гест.
Макрон изгледа изненаден, но брзо се свртува и излегува. Додека се симнуваат по скалите на авионот, претседателот како и обично ѝ ја подава раката на сопругата, но овој пат таа избира да се држи за оградата.
Еден од блиските соработници на претседателот рече дека станува збор за „обична брачна шега“ и дека тоа бил момент на „релаксација пред почетокот на сериозно државно патување“.
– Станува збор за момент на интимна блискост меѓу сопружниците. Не требаше долго време за да се лансира нов бран теории на заговор, соопшти тимот на претседателот, додавајќи дека негативните коментари дошле претежно од проруската орбита.