Шеикот Мешал во притивор поради твитање

Од:

Кувајтските власти после шест дена, од притвор го пуштија членот на кралското семејство Шеик Мешал. Беше притворен  поради тоа што на твитер ја обвини власта за корупција и бараше политички реформи.

Кувајт е една од државите во Персискиот залив со полиберални ставови, но главата на владеачкото семејство, емирот Шеик Сабах ал-Ахмад Ал-Сабах во политичките прашања има главен збор.

Пратениците и новинарите често ја напаѓаат владата и влијателни членови на  владеачкото семејство, но забрането е да се критикува  емирот .