Дачиќ: И синот на Милошевиќ ќе биде уапсен

Од:

Српскиот премиер и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, се закани, дека ако Марко Милошевиќ влезе во Србија ќе биде уапсен, како и сите други кои се со полициски потерници.

“Тоа не треба да се доведува во прашање, туку да се најде најдобро законско решение”, рече Дачиќ по медиумските шпекулации дека синот на поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ бил виден на аеродромот во Белград.

Медиумските шпекулации дека Марко Милошевиќ бил на аеродромот “Никола Тесла” во Белград, Дачиќ ги нарече глупости, додавајќи дека тоа не е можно.