Тепачка на избирачко место во Албанија, се слушнаа и истрели

Од:

На избирачкото место број 871, во градот Фуше Милот во Албанија, дојде до физички конфликт меѓу две лица, јавуваат албанските медиуми.

Се уште не е познато што го предизвика инцидентот кој започна внатре во избирачкото место, а потоа продолжи на улицата, каде се слушаа и истрели.

На местото на настанот брзо пристигнаа бројни полициски единици.

Според неофицијални информации, во инцидентот учествувале две лица.

Граѓаните на Албанија денеска излегуваат на гласање за да ги изберат своите претставници во новото свикување на парламентот, кои ќе го служат мандатот во наредните четири години.

Вкупно 5.225 избирачки места низ државата се отворени за гласање од 07:00 до 19:00 часот.

На изборите учествуваат 11 политички субјекти – осум партии и три коалиции, како и 140 кандидати за пратенички мандати.

Право на глас имаат 3.713.761 граѓанин на Албанија, од кои 114.642 граѓани кои гласаат првпат.

Овој пат нема независен кандидат во ниту една изборна единица.

Би можело да ве интересира

Излезни анкети на парламентарните избори во Албанија, триумф на партијата на Еди Рама

А1он