Конечно заладување со дожд и грмежи

Од:

Температури од 25 до 32 степени, променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Конечно заладување во Македонија
Во Скопје , променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, и со емпература до 31 степен.
Инаку според информациите, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по суви и чисти коловози.

АМСМ препорачува поголема внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има можност за појава на помали одрони кои може да го попречат движењето на возачите.
Повнимателно управување со возилата е потребно и на магистралниот пат М-1 делница Катланово – Велес, каде се одвиваат работи за реконструкција на патот за што има поставено соодветна сообраќајна сигнализација.