Портпарол на Ромни до новинарите: „Бакнете ми го задникот“

Од:

„Бакнете ми го задникот“, вака им се обрати Рик Горки, портапролот на републиканскиот кандидат за претседател на САД, Мит Ромни на новинарите.

Новинарите, кои го придружувааат Ромни на шест дневната турнеја, во Варшава се обидуваа упорно да добијат одговор за контроверзите и гафовите кои го следат на турнејата во Велика Британија, Израел и Полска .Ромни за британците рече дека не се подготвени за Олимпијадата, а Палестинците беа навредени од неговиот говор во Израел нарекувајќи го расистички.
На новинарите од New York Times, од CNN и од Washington Post, Горки изнервирано им рекол прво да покажат почит бидејќи се работи за свето место за Полска, а потоа изнервирано им рекол „Бакнете ми го задникот“.
Подоцна, Горки ги повикал новинарите за да им се извини за недоличното однесување.