(ВИДЕО) Шведската гол машина не запира – 52

Од:

Напаѓачот на Спортинг Лисабон, Швеѓанецот Виктор Ѓокереш повторно е фудбалска вест на денот во Португалија – овој пат со над 50 гола во сите натпреварувања.

На гостувањето кај Боависта придонесе со четири гола во триумфот од 5:0.

Тој ја тресеше противничката мрежа во 6, 45, 50 и 90+2. минута.

Со овој „рафал“ ја надмина бројката од 50 гола во сезоната 2024/2025, сметајќи ги сите натпреварувања – Лига, Куп, Лига на шампиони.

Вкупно на 48 натпревари постигна 52 гола!

Во лигата шведскиот напаѓач стигна до бројката од 38 гола.

Би можело да ве интересира

Јунајтед го „краде“ Ѓокереш од Арсенал?

А1он

Голгетерот на Спортинг го одби Јунајтед, сака да игра за Арсенал

А1он