Актерот Том Харди (48) отворено проговори за борбата со алкохолизмот.
Харди не пие алкохол две децении, откако беше на клиника за рехабилитација.
Тој во една емисија раскажа дека како тинејџер паднал во канџите на порокот.
„Бев алкохоличар. Не си играв, уживав во алкохолот и бев толку добар во опивањето, но тоа веќе не го правам. Тоа значи дека избришав многу работи од меморијата“ вели тој и додава:
„Сигурен сум дека бев неопислив серко додека растев и само благодарение на мајка ми успеав да останам цел“.
Тој исто така истакна дека неговата зависност била поттикната од стравовите кои ги имал, а кои со текот на времето успеал да ги канализира и да ги претвори во актерски талент. Харди отворено зборуваше за некои моменти од неговиот живот кои сега изгледаат како некаква хорор приказна.
„Се сеќавам на една ноќ кога се разбудив во Лос Анџелес, наместо да бидам на состанок за филмот „Bulletproof Monk“, до мене лежеше целосно гол маж со пиштол, а тука беше и некоја мачка. Јас не се сеќавав ни на него, ниту на мачката. Пиштолот беше наполнет, се чувствував како да сум на работ на смртта, тоа беше најстрашното искуство во мојот живот“ раскажа Харди.
Тој исто така истакна дека решил да оди на рехабилитација во 2003 година, откако се разбудил на улица во локва со сопствената крв. Докторот тогаш му рекол дека ако продолжи по тој пат – нема враќање назад. Тие зборови имаа ефект целосно да му го променат животот.