Милчин и Угриновски повторно жигосани од лустраторите

Од:

Владимир Милчин, Слободан Угриновски повторно пред лустраторите. И повторно Комисијата за утврдување факти ги потврди решенијата за старите кодоши, кои Управниот суд ги поништи по одлуките за неуставност на Законот.

Нивните имиња, согласно новиот пропис ќе бидат објавени во рок од три дена на сајтот на Комисијата и сите граѓани ќе имаат пристап до нивните досиеја.
И повторно истите разлики и недоразбирања кај членовите на Комисијата
Ваквата одлука е директно кршење на Уставот, никој не треба да биде јавно жигосан се додека и Управниот суд не се произнесе за нив, реагираа дел од членовите. Бараат Собранието да го разреши претседателот Томе Аџиев.
Јанаќе Витаноски пак побара јавниот обвинител да реагира и да покрене постапка против еден интернет-портал затоа што неовластено објавил имиња, пред една недела , всушност пред тоа да го стори Комисијата.
Владимир Милчин, денеска јавно објави документи со кои се потврдува дека тој бил следен и опративно обработуван од некогашната југословенска државна безбедност, од политички и идеолошки причини.
Милчин најави тужба до Управниот суд.