Гаспром најпрофитабилнa компаниja во светот, остварила приход од 44,46 милијарди долари

Од:

Според амерканскиот магазин „Форбс“, најпрофитабилна компанија во светот за 2011 година е „Гаспром“, рускиот гигант во секторот на вадење и продажба на природен гас.

Во 2011 година „Гаспром“ постигнал профит од 44.46 милијарди долари, повеќе од било која друга компанија во светот.

На второто место по заработката е нафтениот американски гигант „Ексон Мобил“ со 41.60 милијарди долари, додека трета е индустриската и комерцијална банка на Кина со профит од 32.21 милијарди долари, според анализите на „Форбс“.