Буревесник: Груевски дал налог за чистење на предметот Руфи Османи

Од:

„Викендов Груевски дал налог до Архивот на Македонија да се исчисти предметот Руфи Османи и да се тргнат документите на сигурно место“, објави сајтот „Буревесник“.

„Руфи Османи како предмет на обработка на УБК бил од осамостојувањето на Република Македонија. Во Архивот на Македонија постоело неговото досиее дека е обработуван од неколку полициски началници и неколку топ соработници на УБК. Во Архивот постојат досиеа на обработката на политичари под имињата Вруток, Hуши, Шекераш, Подмладок каде името на Руфи Османи постојано се спомнува. Аудио записите на обработуваното лице Руфи Османи биле многу интересни за Министерот Павле Трајанов, за Слободан Богоевски и Борис Змејковски, а биле правени во канцеларијата на Борис Стојменов (БС Консалтинг) каде Руфи Османи со години го посетувал.

Сите спомнати , овие денови се вклучени во проектот„ Подршка на Руфи Османи од ДУИ и ВМРО ДПМНЕ“. Уште останува Руфи Османи ова да го прочита и да се изјасни дали знае точно кои го “спакувалe “за Гостиварските настани“, пишува на сајтот.