(ВИДЕО) Суарез почна да гризе и „по своите“

Од:

Луис Суарез повторно е фатен како гризе, овојпат соиграч на фудбалскиот терен. Сега како играч на Интер Мајами ги зари забите во раката на Жорди Алба, долгогодишниот соиграч од Барселона и сегашен колега од Интер Мајами.

Суарез (38) кој изгради трофејна кариера како играч на Ајакс, Ливерпул, Барселона, Атлетико Мадрид уште еднаш покажа дека е тешко да се контролира, пишуваат шпанските медиуми за видеото од натпреварот минатата недела, кое сега стана вирално.

Претходно Суарез беше казнет поради гризење, а сега тоа го направи повторно. На натпреварот помеѓу Интер Мајами и ЛАФЦ, во 89. минута имаше гужва на теренот. Суарез се обиде да ја смири ситуацијата и да го оддалечи Алба од конфликтот, но кога Каталонецот се обиде да го оттурне, Суарез, како што се гледа на видеото, се обиде да му ги гризне прстите.

Тој го правеше тоа и порано. Тој како играч на Ливерпул го гризна дефанзивецот на Челзи, Бранислав Ивановиќ, поради што доби казна од десет натпревари.

Тој беше уште построго казнет на Светското првенство во 2014 година кога го гризна италијанскиот дефанзивец Џорџо Киелини. Заработи суспензија од четири месеци.