Петрески: ДПМНЕ три години го остави Охрид без болница

Од:

Луѓе кои не направиле ни еден кокашарник како Александар Николовски секој ден држат прес конференции и ме обвинуваат дека ништо не сум направил.

Јас направив повеќе од сите ваши градоначалници од ДПМНЕ заедно. Вака актуелниот и кандидат за градоначалник на Охрид, Александар Петрески одговори на обвинувањата на вечерашниот митинг на опозицијата во Охрид.

„Ајде да видиме што направи вие, Три години го оставивте Охрид без болница, ја уништивте единствената детска болница на балканот, ги суспендиравте законите за локална самоуправа за криминално да го продадете целото охридско крајбрежје, со реклами го навредувате достоинство на охриѓани, ЕМО го приватизиравте вие, „Братство“ го приватизирвате вие, „Видео инженеринг“ исто вие во 2000 година, „Застава“ во 2001, На чело на министерството за финансии тогаш беше Никола Груевски. Токму заади ова не го гласавте законот за кримнална приватизација, пропагандисти од ДПМНЕ“, рече Петрески.

Тој праша каде се ветените проекти на ДПМНЕ.

„Каде е автопатот од Гостивар до Охрид, каде е автопатот од Битола до Охрид, каде е автопатот од Свети Наум до Охрид? Каде се хотелите од висока категорија, каде е вашиот затворен базен, каде се трите спортски сали за кои шест пати стававте камен темелници“, праша Петрески.

Тој ја обвини власта дека го опструира цело време.

Имајќи ги во предвид сите опструкции од овој режим на Груевски направивме се што можевме. Оваа власт ќе биде жестоко поразена, во скоро време ќе можеме да ги реализираме ветените капитални инвестиции.

Поради опструкциите на власта и тоа што не го враќа градежното земјиште не можевме до крај да ги реализираме проктите. На Охрид не му се враќа градежното земјиште, и една година барањето седи во Скопје“, рече Петрески.

Тука како приоритет тој ги спомна Градскиот пазар, Галичица, Аква паркот, автобуската станица.

Тој кажа дека досега реализирал повеќе ветувања-целосни реконструкции на улиците, нови тротоари и осветлување, нови и реновирани спортски сали, стариот лик на гимназицијата по 70 години.

„Во Охрид никогаш не можат да победат луѓе што ги забораваат Свети Климент и Свети Наум, а го слават Аминта“, рече Петрески.