Груевски: Ќе победиме во Охрид

Од:

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ветува дека неговата партија ќе победи во Охрид.

„Охрид предолго време тапка во место. Градоначалникот долго време го гледа повеќе личниот интерес, отколку интересот на граѓаните на Охрид. Ќе бидеме фокусирани на развојот на туризмот и на задоволување на потребите на граѓаните и на туристите. Во Охрид туризмот е една од гранките кои носат голем доход на граѓаните. Со години наназад, таму не се инвестира ништо, ниту во катни гаражи, ниту во спортски објекти. Дури градоначалнкот не спречуваше да инвестираме и во базен,“ рече Груевски.

Приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ за Охрид ќе бидат инвестирањето во водоводи, спортски објекти, базен и катни гаражи.

„Ние ќе треба да корегираме нешто што веќе 8 години овој градоначалник го става во заборав. Форсираше изградба на станови, нешто што не му носи многу на градот Охрид. На градот му требаат хотели и што подобра инфраструктура за туристите“, рече Груевски.