Горилата Тату се обеси

Од:

Горилата Тату, случајно се обеси во прашката зоолошка градина, во која нејзиното раѓање, пред 5 години, со посредство на интернет, се следеше нејзиното раѓање.

Тату настрадала, додека се играла со јажиња за качување во делот за одмор, изјави директорот Мирослав Бобек.

„Ова е најтрагичниот момент кој се случи во зоолошката градина од поплавите во 2002, кога беше уништен дел од паркот“, изјави директорот.

Чуварите безуспешно се обидувале да ја оживеат, а после тоа со воден шмрк ги избркаа другите животни од кафезот.