Полска ја затвори Амбасадата во Сирија

Од:

Полска ги евакуираше своите дипломати од Дамаск и времено ја прекина работата на Амбасадата, вклучувајќи го и Одделот кој ги претставува американските интереси во Сирија, соопшти полското Министерство за надворешни работи.

„ Министерот за надворешни работи Радослав Шикорски одлучи од денеска на неопределно време да ја стопира работата на Амбасадата на Полска во Дамаск, вклучувајќи го и Одделот, кој ги претставува интересите на САД. Сите полски дипломати безбедно ја напуштија Сирија и наскоро ќе пристигнат во Полска “, соопштува амбасадата.
Полска ги претставуваше интересите на САД во Сирија, откако во февруари Вашингтон ја затвори Амбасадата во Дамаск