Камбовски: Побаравме увид во предметот за пресудата за Теодора, ќе реагираме доколку има пропусти

Од:

Претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски вели дека побарале увид во предметот за пресудата за Теодора Ристевска која беше прегазена во сообраќајна несреќа во Тетово. Тој нагласува дека доколку има пропусти ќе реагираат.

– Веднаш побаравме да видиме што се случува, предметот е побаран и треба да ни биде испратен. Ќе извршиме увид и доколку има пропусти ќе реагираме, доколку е сè во ред, ќе соопштиме, рече тој.

По сообраќајната несреќа во август 2022 година, сторителот кој ја прегази 22-годишната Теодора првично беше осуден на три години и шест месеци затвор. Апелациониот суд ја намали казната на две години, но Врховниот суд ги укина пресудите и го врати случајот на повторно судење. Судот во Тетово вчера повторно му досуди две години затвор на сторителот.

Пресудата предизвика силни реакции во јавноста, со многу луѓе кои изразија незадоволство и гнев на социјалните мрежи, сметајќи дека казната е премногу блага. Семејството на Теодора е длабоко разочарано од пресудата.

Дополнително, судијата Ељведин Ферати беше критикуван поради сомнежи за неговиот интегритет дека си ги поправал оценките на Тетовскиот универзитет со пречкртување.

Би можело да ве интересира

Камбовски: Се проверуваат судските случаеви на обвинетиот Васил Јованов

Во судскиот систем нема да има место за судиите кои не работат според законите, вели Камбовски

Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет

Пет приоритетни области вклучени во Развојната секторска стратегија за правосудството 2024-2028

Камбовски до Абази: Доаѓа време на одговорност, доследно нека се држи до законот

Кристијан Ландов

Камбовски: Доколку обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ се упатени директно кон некој амбасадор нема да е добро

А1он