Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола одлучи кој ќе биде наследникот на Кевин де Брујне, а изборот падна на 21-годишниот играч за врска на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, објавија британските медиуми.
Германскиот репрезентативец постигна 15 голови и 13 асистенции сезонава во дресот на „аптекарите“, а за Гвардиола е идеален кандидат за нов командант на средниот ред на Сити.
Проблемот е што договорот на Вирц со Леверкузен истекува само за две години, односно во јуни 2027 година. Исто така, би било ризично да се смени центарот една година пред Светското првенство, чии домаќини се САД, Канада и Мексико.
Британските медиуми тврдат дека „Граѓаните“ се подготвени да платат колку што им е потребно за да го доведат Вирц, а дека трансферот доколку се реализира ќе го надмине оној на Џек Грилиш за кого Астон Вила плати отштета од 117 милиони евра во август 2021 година.
Вирц ја помина младинската академија на Леверкузен, а за германската репрезентација дебитираше во ноември 2021 година на 18-годишна возраст.
Во досегашните 29 настапи, тој забележа шест гола и седум асистенции.