Канадската полиција соопшти дека уапсила маж кој се забарикадирал во зградата на канадскиот Парламент во Отава.
Полицијата соопшти дека мажот бил приведен без инциденти, јави CBC.
Полицијата во објава на социјалните мрежи посочува дека против човекот кој неколку часа беше забарикадиран во парламентот е покрената кривична истрага.