Американски агенти го следеле Михајло Пупин

Од:

Српскиот научник, Михајло Пупин бил предмет на интерес на американски агенти, додека во САД се борел за српските интереси. Во архивите на американската ФБИ се откриени нови 133 документи, кои покажуваат дека Путин бил следен, но и откриваат повеќе податоци за неговото семејство.

Од денес, на 159-та годишнината од неговиот роденден, тие документи се достапни за пошироката јавност во Србија.

Впечаток кој што го оставаат извештаите е дена научникот водел двоен живот. Пред научниците се нови податоци за еден од основачите на НАСА, филантропот но и српскиот лобист.

-Тоа значи живот полно со изненадување, дека бил следен, дека го напаѓале држави, но за среќа не успеале во својата намера, бидејќи бил доволно силен за да ги надмине сите пречки-вели Александра Нинковиќ од Образовно-истражувачката организација „Михајло Пупин“.

Животот на професорот на Универзитетот од Колумбија привремено личел на холивудско сценарио.

-Имаме ситуација во која Пупин влегува во воз за да ги спаси српските интереси и за да помогне антисрбите да не ја спречат помошта за Србија. Тоа не е единствен пример, но е сценарио за кој било филм-вели таа.

Повеќе од век ипол од раѓањето на Путин, неговото „наследство“ е достапно до сите. Во постоечкиот виртуален музеј, Телеком Србија и Образовно-истражувачката организација ја претставија нова изложба посветена на односот помеѓу Пупин и Никола Тесла.

Елена Георгиевска