Прилеп ќе гради споменик на Ченто

Од:

Прилеп ја одбележа 55 годишнината од смртта на првиот Претседател на президиумот на АСНОМ, национален борец, деец и политичар, Методија Андонов Ченто.
Претставници на локалната самоуправа, од политичките партии и граѓани положија цвеќе пред неговиот споменик во центарот на Прилеп.

„Прилеп и Македонија се горди што имаат таков великан, непоколеблив борец за идеите за независна и самостојна Македонија, идеали кои ги следат новите генерации Македонци со новите приоритети, Македонија да биде дел од евроатланските интеграции“, рече во пригодниот говор градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески .

Ристески најави дека нов споменик во чест на првиот Претседател на президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто, ќе биде подигнат во Прилеп.

Роден е на 17 август 1902 година во Прилеп . Тука завршил средно училиште и во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан.
Ченто бил еден од оние кои цел живот работеле и ја бранеле македонската национална казуза. Еден е од организаторите на Илинденските демонстрации во Прилеп (1940),по што бил затворен во затворот во Велика Кикинда. Се залагал за воведување на мајчин македонски јазик во наставата во училиштата и повторно е затворен и интерниран во Баина Башта, при што е осуден на смрт. Дури бил одведен на стрелање, но е ослободен во последен момент на 15 април 1941 година.
Ченто бил избран за претседател на Президиумот на АСНОМ на Првото заседание на АСНОМ од 2 август 1944 година.

Против него, по ослободувањето на земјата, бил покренат обвинителен акт, и бил изведен пред судот во состав, Панта Марина, Лазар Мојсов и Коле Чашуле, кои го осудија на 11 години затвор
Ченто од претседателот Ѓорге Иванов постхумно е одликуван со “Орден на Република Македонија”.