Приштина: Забраната за посети на Косово се однесува само на српскиот премиер Ивица Дачиќ

Од:

Забраната што ја воведоа властите во Приштина за посети на Косово не се однесува на сите српски официјални лица, туку само за премиерот на Србија, Ивица Дачиќ, објави косовскиот министер за европски интеграции Вљора Читаку на својот налог на Твитер.

Таа, меѓутоа, не објасни зошто забраната се однесува само на Дачиќ, како и дали таа важи само за веќе испланираната посета на српскиот премиер на Штрпце или за сите негови евентуални посети на Косово.

Косовскиот вице-премиер Хајредин Кучи претходно соопшти дека од денеска, кога почна кампањата за локалните избори во Косово закажани за 3 ноември, на ниту еден официјален претставник на Србија нема да му биде одобрен влез во земјата.

Косовската Влада вчера му забрани на српскиот премиер да го посети Косово, а Дачиќ го предупреди Брисел дека ќе го прекине своето учество во преговорите доколку Приштина не им дозволи на српските официјални претставници да го посетуваат Косово за време на кампањата за локалните избори.