Семејствата и на починатите и на повредените во трагедијата во Кочани ќе добијат по 150.000 денари

Од:

Како Влада апелираме и замолиме да не се шпекулира со информации дека на семејствата и пациентите им е потребна финансиска поддршка за лекување затоа што тоа не е вистина, на сите пациенти лекувањето им е и ќе им биде обезбедено од страна на државата, порача портпаролот на Владата Марија Митева на денешната прес-конференција.

– Како Влада будно ја следиме и состојбата на социјалните мрежи каде најпрво морам да кажам дека сочувството, емпатијата, силната и искрена желба да се помогне е разбирлива, дека е повеќе од оправдана и дека се разбира за огромна почит, но во овие моменти грижа од таков аспект не им е потребна затоа што ние ќе направиме сѐ што е во наша моќ да помогнеме во делот на здравствената нега која им е потребна, рече Митева.

Посочи дека и во делот на транспортот и сместувањето на семејствата на пациентите кои се лекуваат во странство е одговорност на Владата која како што рече Митева ќе биде реализирана.

– Исто така, во делот на транспортот и сместувањето сакам да информирам дека и тоа е обврска и грижа која како Влада ја реализираме. Денешниот пресек е следен: згрижени се 180 лица од семејствата на повредените кои се хоспитализирани во странство. Воедно, во овој момент бевме информирани од страна на Црвениот крст дека се прави формално правно усогласување и проценка преку која сметака на сите семејствата кои се погодени од ужасната трагедија за почеток ќе им биде дадена финансиска поддршка во висина од 150.000 денари на секое семејство и истите средства ќе им бидат на располагање за покривање на тековни, дневни, најитни трошоци. Се разбира, ова не е само еднократна помош, екипите на Црвениот крст, СОЗР и Владата контактираат со семејствата на секои три часа со цел да се осигураме дека нема нови несакани состојби кои настануваат и се разбира и во идни фази континуирано во зависност од сите поединечните потреби сите средства ќе бидат насочени кон нив, изјави портпаролката на Владата.

Би можело да ве интересира

Клековски: Се намалува бројот на критични пациенти, но нема опуштање зашто почнува ризикот од инфекции

Шестмина повредени, двајца во Љубљана и четворица во Белград се во многу критична состојба

Катерина Ѓуровски

Во спомен на настраданите: Фудбалерите ќе носат маици “Кочани, 16.03.2025”

Катерина Ѓуровски

Шеесетминутен молк во Солун за жртвите од трагедијата во Кочани

Идната недела ќе почне враќањето на првите пациенти што се лекуваат во странство

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трошоците за лекување се на земјите-домаќини, Владата ги покрива сите потреби за семејствата на повредените во странство

Катерина Ѓуровски