Во Грција ќе бидат хоспитализирани 18 повредени со изгореници по пожарот во Кочани

Од:

Во болницата „Папаниколау“ во Солун и во воените болници во Атина и Солун, ќе бидат хоспитализирани 18 повредени во пожарот во дискотеката во Кочани, брифираа грчки владини извори.

Според истите извори, по телефонскиот разговор меѓу министрите за надворешни работи на двете земји Јоргос Герапетритис и Тимчо Муцунски, „со координирани активности на Министерствата за надворешни работи, здравство, цивилна заштита и службата за итна медицинска помош, Грција ќе ги прими сите повредeни со изгореници, како што било побарано од Европскиот механизам за цивилна заштита“.

Тројца повредени со амбулантни возила попладнево пристигнаа во Солун и се хоспитализирани во болницата „Папаниколау“, а како што брифираа грчките владини извори, станува збор за две лица на возраст од 25 години и едно на 19 години, кои се тешко повредени со големи изгореници, а едниот ќе биде опериран.

Би можело да ве интересира

Пренеси им порака на ангелите, правдата мора да дојде – родителите на жртвите со порака по смртта на Панчо

Судијката Диана Груевска Илиевска ќе го води судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

А1он

Кривичен го одобри обвинителниот акт за трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека зад објавите „Убијците од Кочани“ стои Венко Филипче и неговите структури

Катерина Ѓуровски

„62 ангела – вечна светлина во нашите срца“ вечерва во „Паркот на Револуцијата“ во Кочани

Горан Наумовски

Граѓани, роднини и пријатели вечерва во Штип им оддадоа почит на загинатите во кочанската дискотека „Пулс“