Во трагедијата во Кочани животот го загуби и фудбалер на Шкупи

Од:

Во трагедијата во пожарот кој го зафати ноќниот клуб во Кочани животот го загуби и Андреј Лазаров (25), фудбалерот на Шкупи од Чаир.

Информациите се дека тој им подлегна на повредите додека беше хоспитализиран во болницата во Штип.

Како што информираат од фудбалскиот клуб Шкупи, Лазаров во дискотеката помагал на останатите присутни да се извлечат, на крајот се задушил во чадот.

„Лазаров го загуби животот обидувајќи се да им помогне на другите да се спасат од просторот зафатен од пожар. Тој се задуши од чадот за време на неговите обиди да спаси животи, покажувајќи храброст и хуманост до последниот момент. Неговиот херојски чин засекогаш ќе остане во нашето сеќавање, како сведоштво за неговиот благороден карактер и неговото големо срце“, објавија од Шкупи.

Фудбалерот од Кочани во кариерата настапуваше за хрватските клубови Горица и Рудеж, како и македонските тимови Тиквеш, Работнички и Металург.

Би можело да ве интересира

Пренеси им порака на ангелите, правдата мора да дојде – родителите на жртвите со порака по смртта на Панчо

Судијката Диана Груевска Илиевска ќе го води судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

А1он

Кривичен го одобри обвинителниот акт за трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека зад објавите „Убијците од Кочани“ стои Венко Филипче и неговите структури

Катерина Ѓуровски

„62 ангела – вечна светлина во нашите срца“ вечерва во „Паркот на Револуцијата“ во Кочани

Горан Наумовски

Граѓани, роднини и пријатели вечерва во Штип им оддадоа почит на загинатите во кочанската дискотека „Пулс“