Во еден дел од градот кој беше блокиран од студенти и насобрани граѓани, според учесниците, силен звучен бран испукан од припадници на српското Министерство за внатрешни работи го прекина 15 минутниот молк.
На едно од видеата што демонстрантите ги објавија на мрежата Х, поголема група граѓани побегнаа до краевите на улицата поради ударот на акустичните бранови.
Со оглед на тоа што вакво влијание не почувствувале на претходните протести и собири, насобраните тврдеа дека вечерва за прв пат српското Министерство за внатрешни работи официјално употребило акустични или звучни топови за разбивање на демонстрациите.
Иако оваа технологија наречена LRAD (Долг дострел акустична направа) е забранета во голем број земји, во последниот период медиумите во Србија потврдија дека се набавени.
Koju ste tehnologiju koristili i sta je bio cilj ove intervencije?
Pustite ton naglas i odgledajte do kraja.
Ovo je strasno‼️ pic.twitter.com/pMUtz3kvB2— Alef Pendule (@alef_pendule) March 15, 2025
Акустичните уреди со долг дострел, или колоквијално наречени „звучни топови“, работат на принципот на отпуштање на звучните фреквенции во насочен ефект врз просторот, надворешен и внатрешен.
Шокот претставува „несмртоносно оружје“ кое емитува звучен тон со одредени децибели што ги иритира слушните органи, предизвикувајќи дезориентација и паника. Досегот на вакви уреди се движи од 300 до 4.000 метри, а иако производителите уверуваат дека не се штетни по здравјето, тие се забранети во голем број земји.
Evo ga efekat LRAD zvučnog topa. pic.twitter.com/lsbRAYM2yU
— Eko Straža (@EkoStraza) March 15, 2025
Фреквенцијата на работа на овие уреди за полициски цели е приближно 136 децибели, при што човечкото уво обично може да издржи ниво на звучен притисок од 120 dB пред да почувствува болка, иако се советува да се носат заштитни чепчиња кога се изложени на каква било бучава над 90 децибели.
Поради нивната способност да одвраќаат и покриваат голема површина, звучните топови се користат во воените единици за заштита на воените објекти, но и на воени бродови каде што се користат за зашеметување и одвлекување на цели, но со значително помоќни и смртоносни удари.
Министерот за внатрешни работи на Србија ги демантираше ваквите информации и кажа дека звучниот топ е забранет со закон и не е употребен воопшто во Србија.