Во Србија распишана е потерница по Срѓан Ного, поранешен пратеник во српското Собрание, кој му се закануваше на српскиот претседател Александар Вучиќ со смрт во пресрет на 15 март.
Српските медиуми пишуваат дека Вишото јавно обвинителство во Белград издаде наредба на полицијата да го уапси Ного поради сомнение дека повикува на насилна промена на уставниот поредок.
Тој во изјави за медиумите им се заканува со смрт на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, како и на припадниците на српското Министерство за внатрешни работи.
Срѓан Ного се закани дека на 15 март, сабота, претседателот Вучиќ „ќе заврши под земја бидејќи мртвите усти не зборуваат“, а повика и на „слободно убивање полицајци“!?!
Тој минатата година објавуваше фотографии од настаните поврзани со грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Остана неодговорено главното прашање – кој e Срѓан Ного и како детали од истрагата би можеле да дојдат до ова српско политичко подземје?
Неговата биографија е контроверзна и е поврзана долги години со радикалната десничарска партија Двери.
Дури и од таму е исклучен во 2019 година, а една година подоцна од српските власти е уапсен и обвинет за поттикнување на бунт според членот 309 од Кривичниот законик поради насилните протести што беа организирани во Белград.
Ного има јасни проруски ставови кои ги изразува на социјалните мрежи, а е силен поддржувач на српскиот воен злосторник Ратко Младиќ.