Нејмар повторно се повреди, пак пред роденденот на сестра му

Од:

Фудбалерот на Сантос – Нејмар, поради повреда ќе отсуствува од терените на неодредено време, пренесуваат бразилските медиуми.

Нејмар поради повреда го пропушти дуелот со Коринтијанс (1:2) во полуфиналето од плејофот на бразилската Паулиста во неделата.

„За жал, чувствував болка во последните неколку недели. Многу сакав да му помогнам на тимот, правевме тестови, но повторно почувствував болка“, напиша Нејмар на социјалните мрежи.

Бразилските медиуми истакнуваат дека Нејмар не објаснил за каква повреда станува збор.

Нејмар (33) се врати во Сантос на 31 јануари, а за овој клуб одигра седум натпревари и постигна три гола.

Неодамна доби повик да се приклучи на репрезентацијата на Бразил, но поради повреда најверојатно ќе ги пропушти квалификациите за СП 2026 против Колумбија и Аргентина.

Интересно е што Нејмар седми пат во последните десет години во кариерата се повредува токму во времето кога неговата сестра го слави роденденот, а тоа е на 11 март.

Така тој ги пропушти натпреварите на своите клубови на тој ден во 2015, 2016, 2017, 2018 и 2019 година.

Конечно играше во 2020 година, кога играше за ПСЖ во Лигата на шампионите, но повторно ги пропушти натпреварите во 2021 и 2023 година, додека играше во 2022 година.

Цела мината година ја помина опоравувајќи се од повредата на коленото.

Би можело да ве интересира

Нејмар за можниот трансфер во Баерн: Гвардиола во два часот наутро ми заѕвоне на врата

А1он

(ВИДЕО) Прв гол на Нејмар по враќањето во Сантос

А1он

Нејмар за еден допир со топката заработува 306.000 евра

А1он

(ВИДЕО) Нејмар во солзи: „Се враќам!“

А1он

Нејмар нападнат од навивачите поради неговиот изглед, по повеќемесечна пауза се врати на терените

Обид да му го киднапираат новороденчето на Нејмар, вооружени напаѓачи ги врзале родителите на неговата поранешна девојка