Протест „Студентски едикт“ во Ниш

Од:

Протест на српските студенти насловен „Студентски едикт“ денеска ќе се одржи во Ниш, ќе трае 18 часа – од девет часот наутро до три по полноќ наредниот ден.

Предвидено е студентите да се соберат на четири локации во Ниш, а во 11 часот и 52 минути на плоштадот крал Милан ќе оддадат почит за 15 жртви при падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад. Меѓу загинатите е и македонскиот државјанин Васко Саздовски.

Второто оддавење на почит за загинатите ќе биде во 23 часот и 52 минути.

Во Ниш пеш, со трчање и на велосипеди уште од синоќа пристигнаа студенти од Белград, Нови Сад, Крагуевац, Краљево, Ужице, Чачак, Бор, Бујановец и други српски градови, а денеска се очекува да им се придружат и поголем број граѓани.

Студентите во Србија почнаа со протести, блокади и дефинираа четири барања по уривањето на настрешница на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември, при што загинаа 15 лица, а две беа тешко повредени.

Блокадите и протестите се интензивираа откако на 22 ноември во Белград беа нападнати студентите на Факултетот за драмски уметности за време на 15-минутната блокада. На студентите им се придружија и наставниците, адвокатите и граѓаните.

Студентите бараат објавување на целосна документација за реконструкција на железничката станица во Нови Сад; отфрлање на обвиненијата против студентите и младите уапсени и приведени за време на протестите поради уривањето на настрешница на железничката станица во Нови Сад; поднесување кривични пријави против напаѓачи на студенти и професори и нивно гонење и зголемување на средствата од српскиот буџет за материјални трошоци на државните високообразовни институции за 20 отсто.

Студентите тврдат дека ниту едно нивно барање не е исполнето.

Би можело да ве интересира

Продолжуваат протестните блокади во Србија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Блокадерите запреа автомобил во кој имаше родители со мало бебе

Протест пред Палатата на правдата во Белград поради апсењето на студенти

Нови апсења во Србија: Уапсени се двајца осомничени за повикување на насилна промена на власта

Горан Наумовски

(ВИДЕО) РТС: Протести во Земун и пред ВЈТ во Белград поради притворањето на група студенти

Горан Наумовски

(ВИДЕО) B92: Блокадерите планираат блокада на Палатата на правдата и нови напади