ВИДЕО: Мајката на малтретираното дете во Миравци: Бев исмевана од педагогот и директорката

Од:

За случајот од гевгелиското село Миравци, каде што малолетно дете беше малтретирано во училиште и помина цела голгота поради фризурата говореше мајката Николина Георгиева.

„Излегува директорката од нејзината канцеларија и пробата беше во училишниот хол. Директорката се доближила до одделенскиот наставник и и кажала што е ова, градоначалникот ќе ни дојде на приредба, а мајката му врзала туфка на глава. Го викнале детето на страна, до нив, пред сите ученици, кои биле учесници на приредбата, директорката и вика на класната одврзи го, го одврзуваат, му ја влечат косата по должина да видат колку е долга, и директорката му се обраќа директно на детето со зборовите-„Не си ти девојче да доаѓаш со реп. Утре да дојдеш среден на училиште“, рече таа во поткастот на А1он.

„Мене одделенскиот наставник ми се јави попладнето , ми вика ве информира ли вашиот син за денешниот настан, кажав не, што точно се случи, директорката кажа да ви пренесам вие како родители да преземете дејствија денес да отидете на фризер да му ја скратите, детето утре да дојде средено на училиште. Викам што се мисли под средено,ми вика фризурата, не е дозволено со репче“, рече мајката на малолетното дете.

Таа кажа дека целиот разговор бил со сарказам, дека била исмевана од педагогот и од директорката. Директорката ми се обраќа со зборовите кажи ми дали ти се допаѓа како изгледа твоето дете“.

Во меѓувреме имала пријава и за другото дете.

„Имавме случај на физичко насилство во училиштето каде што тие како училиште не преземаа ништо, во училиште каде што има видеонадзорни камери од видеонадзорните камери можеше да се види случајов со помалиот син. Вашето постаро дете беше жртва на физичко насилство. Точно да, прво не можеа да докажат после тоа го докажав случајот си признаа децата и толку, ништо“.

Во случајот се вклучија многу институции, од народен правобранител до Министерство за образование, инспекции, градоначалник. Шеесет дена е рокот училиштето да ги смени интерните акти, односно кодексот. Поточно треба да се избрише спорната точка 12 за фризурите.