(ВИДЕО) Прв гол на Нејмар по враќањето во Сантос

Од:

Бразилската фудбалска мега-ѕвезда Нејмар го постигна својот прв гол по враќањето во Сантос.

Поранешниот ас на Барселона и Пари Сен Жермен постигна гол во победата на неговиот тим над Агуа Санта од 3-1. Овој натпревар се одигра во рамките на 10. коло од шампионатот на Сао Паоло, популарната „Паулиста“.

Нејмар во 14. минута покажа зошто некогаш бил еден од најдобрите фудбалери во светот.

Ја „измеша“ одбраната на противникот, изнуди пенал, па јас ја презеде одговорноста и погоди од 11 метри.

Нејмар неодамна по 12 години се врати во родниот Сантос.

Сантос е еден од најуспешните клубови во Бразил, со осум национални титули, 22 регионални шампионати во Сао Паоло и три титули во Копа Либертадорес.

Интересно е што минатата сезона Сантос играше во Втората лига на ниво на цел Бразил, но брзо се врати во елитата.

Би можело да ве интересира

Лекарот на бразилската репрезентација: Повредата на Нејмар не е наивна

А1он

(ВИДЕО) Моментот кога Нејмар дозна дека ќе оди на Мундијалот 2026

А1он

Анчелоти го објави поширокиот список на Бразилци за Мундијалот 2026 – и Нејмар е на него

А1он

Нејмар го пропушти натпреварот со Сантос поради маратонско играње покер

А1он

Нејмар се сели во Премиерлигата – станува „ѓавол“?

А1он

Кошмарот на Нејмар – 45 повреди од 2014 година до сега

А1он