Поранешниот амбасадор на САД во Македонија, Филип Рикер, e фотографиран во друштво на Ричард Гренел, специјален пратеник на американскиот претседател за дипломатски мисии и политички прашања.
Рикер, кој беше амбасадор на САД во Македонија од 2008 до 2011 година, е познат како силен поддржувач на Македонија, додека Гренел, близок соработник на американскиот претседател Доналд Трамп, одржа неколку средби со претставници на македонската влада во последните месеци.
Фотографијата е направена за време на појадокот организиран од DGA – Albright Stonebridge Group (DGA – ASG) на маргините на Минхенската безбедносна конференција. Гренел присуствувал како гостин на Рикер, заедно со бизнис лидери, претставници на тинк-тенк организации, владини претставници и дипломати.
Дискусиите воглавно се фокусирале на бизнис инвестиции.
Минхенската безбедносна конференција се одржа минатата недела, на која присуствуваше и делегација од Македонија предводена од премиерот Христијан Мицкоски.