Нарко бос од Македонија уапсен во Швајцарија, си направил нов македонски идентитет

Од:

30-годишен Македонец, осомничен дека е водач на нарко-мафија што дејствува низ средна Европа, бил уапсен на аеродромот во Женева на 29-ти јануари, по што бил екстрадиран во Австрија, објави швајцарскиот портал Blick.ch.

Според австриските истражни органи, тој бил баран со европска потерница од 2022 година под сомнение дека организирал шверц на најмалку четири килограми хероин и 1,5 килограми кристал мет. Јавното обвинителство во Линц го смета за клучен член на регионалната мрежа за дистрибуција на дрога.

Македонскиот нарко бос чиј идентитет не е објавен, долетал од Приштина и имал нови документи бидејќи во Македонија си го сменил името. Но, швајцарските гранични власти успеале да го идентификуваат како лице од потерница.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Во Шпанија фатен шефот на албанската мафија, бил апсен и во Македонија

ВИДЕО: Во Косово е уапсен поранешен полицаец, еден од најголемите наркобосови во регионот

Уапсени шефовите на балкански нарко-картел: Шверцувале 7 тони кокаин

Кокаинска војна во Белгија: Им украле 1,2 тони дрога, па киднапирале нарко-бос

Горан Наумовски