Џијана (34), државјанка на Србија, е уапсена во грчкиот град Лептокарија откако призна дека го уби својот партнер Костас Симитрас.
Според информациите на грчките медиуми, таа призна дека при расправијата го оттурна 58-годишниот маж, по што тој изгубил рамнотежа и паднал на подот. Потоа го удри по главата, па го однела неговото тело во дворот од куќата каде што го закопа.
Полициски службеници излегоа на местото на настанот и на длабочина од околу половина метар пронајдоа човечки коски кои беа испратени на идентификација.
Инаку, Костас Симитрас исчезна во септември кога неговата 34-годишна партнерка, која е во шестиот месец од бременоста и која е мајка на тригодишно дете, го пријави неговото исчезнување во полиција. Таа при изјавата во полиција негираше каква било поврзаност со неговото исчезнување.
Меѓутоа, откако неодамна била повикана да даде изјава, таа признала дека го сторила делото.
Како што пишуваат грчките медиуми, таа се обидела да се сокрие од камерите и не одговарала на новинарските прашања.
Таткото на 58-годишниот Симитрас изразил сомневање дека во убиството не учествувала самата партнерка на неговиот син, Џијана туку дека имала соучесник.
– Доаѓав овде секој ден и се беше во ред. Не знам зошто се случи и како дојде до ова. Од самиот почеток велев дека таа го направи тоа. Таа дефинитивно имала соучесници. Еден, два? Полицијата ќе утврди – рече тој.