Манекенката Жизел Бундхен на 44 години го роди своето трето дете

Од:

Бразилската манекенка Жизел Бундхен (44) го доби своето прво дете со партнерот Хоаким Валенте. И мајката и бебето се добро, пишува Daily Mail.

Жизел веќе има две деца, ќерката Вивијан (11) и синот Бенџамин (15) од бракот со американскиот фудбалер Том Брејди.

Гласините дека Жизел и Хоаким се заедно започнаа во 2022 година, кога манекенката сподели видео од нејзиното момче како ја учи џиу-џицу на Флорида.

Подоцна истата година, тие беа во Костарика, две недели откако беше финализиран разводот на Жизел со Брејди. Нејзините деца беа со нив.

Иако медиумите често ги поврзуваа, Жизел тогаш негираше дека има нешто меѓу нив.

– Мислам дека сите, во овој момент, бидејќи раскинав, ќе ме поврзуваат со некого – изјави тогаш таа за Vanity Fair.

Во меѓувреме, пријателството прерасна во нешто повеќе, а извор за People во февруари 2024 година изјави дека Жизел и Хоаким навистина се заедно од јуни 2023 година.

Момчето на Жизел Бундхен предава боречки вештини во Мајами со неговите браќа Педро и Гај.

Би можело да ве интересира

Манекенката Кристина Јоксимовиќ ја убил сопругот, телото го мелел во блендер

Горан Наумовски

Позната руска манекенка убиена во терористичкиот напад во Москва

А1он

Руска манекенка и нејзината ќерка пронајдени мртви

Предраг Петровиќ

Дечкото ја силувал осум часа, а потоа ја полил со киселина: Британка преживеа 400 операции

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Модна агенција ја убедувала Евангелиста да позира гола на 16 години