Француските ракометари ја победија Португалија со 35:34 во мечот за третото место и стигнаа до уште еден медал во богатата ракометна историја.
Храбрите Португалци уште во првото полувреме им пружија одличен отпор на фаворизираните Французи. До крајот на првото полувреме се играше гол за гол.
Потоа „триколорите“ направија серија 3:0 и поведоа (15:12). Избраниците на Пол Переира успеаја да заминат на пауза со негатива од два гола.
Ракометарите на Португалија во продолжение одиграа уште подобро и со серија од 3:0 дојдоа до предност од два гола (24:26).
Избраниците на Гијом Жил возвратија со идентична мерка и врзаа три гола, па поведоа со 27:26.
Французите со нова серија од 3:1 во последните десет минути влегоа со предност од два гола (31:29).
Резултатот беше 34:34 на 30 секунди до крајот, а потоа судиите доделија седмерец и на 19 секунди до крајот Ричардсон погоди за 35:34 за Французите.
Голманот на Франција буквално со глава го одбрани последниот удар од десното крило, кога Ареја го промаши ударот.
Ајмерик Мине беше прво име на средбата со 10 гола од 13 обиди. Нахи се приклучи со шест гола, а Мем додаде два помалку.
Голманот на Франција, Шарл Болцингер забележа 9 одбрани.
Франциско Коста постигна осум гола кај Португалија. Виктор Итуриза Алварез беше непогрешлив со седум гола од исто толку обиди.
Голем придонес имаше Густаво Капдевил на голот на Португалија со 11 одбрани.
Данска и Хрватска од 18 часот го играат натпреварот за титулата светски првак.