„Депортирајте ја и Селена Гомез од САД“

Од:

Американската пејачка и актерка Селена Гомез одговори на застрашувачките повици дека треба да биде депортирана од САД, откако објави видео на кое плаче поради депортацијата на мигрантите од САД.

Недолго потоа поп дивата го избриша контроверзното видео. И покрај тоа, следеа низа реакции од нејзините следбеници, но и од официјални лица.

За кратко време реагираа републиканците и поддржувачите на движењето MAGA (Make America Great Again), кои сакаат да ја забранат илегалната имиграција. Кандидатот за американскиот Сенат Сем Паркер беше првиот што повика Селена Гомез да биде депортирана, како демонстрација на непотребната толеранција на поддржувачите на „спротивната страна“.

Селена Гомез е родена во САД и е американска државјанка, а нејзините баба и дедо го напуштиле Мексико за подобар живот.

„Депортирајте ја Селена Гомез. Селена Гомез избра илегалци наместо Америка, таа е трета генерација на мексиканските илегалци кои добија државјанство во Амнестија 87. Таа има пристрасен однос кон Америка, исто како и нејзините родители – илегални имигранти“, напиша Паркер.

Само неколку часа по овие тврдења, Селена Гомез објави одговор на Инстаграм.

Детската ѕвезда на Дизни напиша: „О, господине Паркер, господине Паркер. Ви благодарам за смеата и заканите“.

„Ги вбризгувам твоите солзи во моите вени“, беше одговорот на политичарот.

“Сите мои луѓе се напаѓани. Деца. Не разбирам. Многу ми е жал. Посакувам да можам да направам нешто и ќе направам, ветувам”, рече Селена Гомез во контроверзното видео.

Ова не е прв пат пејачката да го користи својот глас, сакан ширум светот, за да се бори за своите корени.

Во написот за магазинот „Тајмс“ од 2019 година, таа откри дека нејзината тетка ја преминала границата „скриена во камион“ во 1970-тите, придружувана од нејзините баба и дедо по татко. Таа додаде дека нејзиниот татко Рикардо Гомез е роден во Тексас набргу потоа.

„Во 1992 година, јас сум роден како државјанин на САД благодарение на нивната храброст и пожртвуваност. Во текот на изминатите четири децении, членовите на моето семејство работеа напорно за да добијат државјанство на САД. Недокументираната имиграција е прашање за кое размислувам секој ден и никогаш не заборавам колку сум среќна што сум родена во оваа земја благодарение на моето семејство и на околностите“, изјави Селена Гомез.

Би можело да ве интересира

Мадона брутално му се нафрли на Трамп

А1он

ВИДЕО: Раперка која има 222 килограми, тужи таксист зошто избегал кога ја видел

А1он

Откриена строго чуваната тајна колку е богат Барон Трамп

А1он

Гвинет Палтроу ја продаде луксузната вила што ја купи со поранешниот сопруг за 22 милиони долари

А1он

Поранешниот сопруг на Бритни Спирс проговори за нивниот брак: „Тоа беше најтешкото“

А1он

Откриени детали за смртта на Шинејд О’Конор

А1он