Актерката Гвинет Палтроу неодамна ја продаде својата луксузна куќа во Лос Анџелес за 22 милиони долари.
Според The Wall Street Journal, имотот се наоѓа во престижната населба Брентвуд, во областа Мандевил, а на пазарот е пуштена пред помалку од една година.
Иако вилата брзо најде нов сопственик, цената беше намалена неколку пати пред да биде финализирана продажбата. Првичната цена беше 29,9 милиони долари, но во октомври минатата година таа падна на 24,9 милиони долари.
Вилата, која датира од 1950-тите, е реновирана во 2009 година, а пространиот имот вклучува главна куќа со шест спални соби, како и куќа за гости. Вилата дополнително вклучува теретана, канцеларија, винарска визба, кино и соба за игри, што го прави имотот совршен за луксузен животен стил.
Актерката ја купи оваа палата заедно со нејзиниот поранешен сопруг Крис Мартин во 2012 година за 9,95 милиони долари. Причина за продажбата, истакна таа, е нејзината желба за помал имот, со оглед на тоа што нејзините деца сега се постари и не бараат толку простор.