Објава на сестрата на Тоше Проески за неговиот роденден

Од:

Тоше Проески денеска, 25 јануари, ќе го прославеше својот 44-ти роденден, да не настрадаше во страшната сообраќајна несреќа во кобната 2007 година.

Ова е тажен ден за Македонија и за целиот регион, а особено за семејството на пејачот кое го загуби на само 26 години.

Сестрата на Тоше Проески, Дора, денеска на неговиот роденден се огласи на Фејсбук и покажа дека нејзините мисли се со нејзиниот брат.

Таа дури и направи торта за оваа пригода, со ангелски крилја, крст и името Тоше.

Околу тортата има фотографии од Тоше, што ја прави целата слика уште потажна.

Дора остави само црно срце во натписот на фотографијата, а под него има потресни коментари од нивните пријатели кои велат дека не го преболеле и никогаш нема да го преболат.

Би можело да ве интересира

Поранешниот сопруг на Бритни Спирс проговори за нивниот брак: „Тоа беше најтешкото“

А1он

Откриени детали за смртта на Шинејд О’Конор

А1он

Познат актер се самоуби

А1он

Во Крушево одбележан 44-тиот роденден на Тоше Проески, за две години и филм и документарна серија за Тоше

А1он

(ВИДЕО) Снимката од разговорот на Меланија предизвика дебата: На кој јазик зборува?

А1он

Никол Кидман за улогата во еротскииот трилер: Ќерките не сакаат да ме гледаат во филмот

А1он