Џејмс Камерон вели дека третиот дел од култниот филм, насловен „Оган и пепел“, би можел да биде најхрабриот досега.
Во интервју за британскиот магазин Empire, режисерот и оскаровец истакна дека неговата цел не е да го повтори она што беше направено во претходните два филма, туку да направи „храбри избори“ кои не мора да се очекуваат.
„Тоа е незгодна работа“, рече Камерон.
„Секој што ќе го погледне може да каже – ова не е она за што се пријавив и што очекував. Но, ако не донесете храбри одлуки, трошите сечие време и пари. Само тоа не е доволно за успех, туку неопходно е секој пат да го кршиш калапот“, рече режисерот.
Режисерот исто така откри дека публиката може да се радува на ситуации со висок интензитет, истакнувајќи дека тоа ќе ги однесе на непознати места.
„Аватар“ од 2009 година моментално е филм со најголема заработка на сите времиња.
Заработи речиси 3 милијарди долари ширум светот.